Заштита од врнежи
При изборот на зимска горна облека, заштитата од врнежи е една од најважните карактеристики. Важно е да се разберат поимите водоотпорен, водоодбивен и водонепропустлив бидејќи постојат важни разлики меѓу нив.
ВОДООТПОРЕН
Водоотпорноста значи најниско ниво на заштита од вода. Облеката штити од влага поради дебелината на самата ткаенина, која делува како бариера меѓу нас и послабиот дожд. Водоотпорните јакни често се направени од цврсто ткаена ткаенина која обезбедува основна заштита од лесен дожд. Овој вид на материјали не е подоген за подолго, продолжено изложување на дожд.
ВОДООДОБИВЕН
Водоодбивниот материјал спречува водата лесно да навлезе во ткаенината. Наместо тоа, капките вода се одбиваат од површината, што се нарекува хидрофобност. Хидрофобноста на ткаенината се постигнува со импрегнирање на ткаенината со импрегнирачки премаз. Водоодбивните јакни се погодни за силни дождови бидејќи успешно спречуваат ткаенината да се навлажни.
ВОДОНЕПРОПУСТЛИВИ
Означуваат највисоко ниво од дожд и снег. Водонепропустливите јакни се издржливи дури и при обилни дождови и спречуваат водата под притисок да пробие и да протече низ ткаенината. Дополнителна заштита е обезбедена со лепење на шевовите и водонепропустливи патенти, кои се покриени или обработени со полиестерски ленти за да се спречи пенетрација на вода.
Важен податок е стапката на вода, која означува колку вода може да поднесе материјалот пред да почне да пропушта вода. Вредноста на стапката е означена во милиметри (mm). Водената стапка од 2.000 mm и повеќе е доволна за поеќето временски услови (нормални врнежи дожд) кои вообичаено се среќаваат во Европа.